Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 24:25-33

Исус Навин 24:25-33 MK2006

И тој ден Исус направи со народот завет и му даде наредби и закони во Сихем пред скинијата на Господ, Бог Израелов. И ги запиша Исус тие зборови во книгата на законот Божји, па зеде голем камен и го постави таму под дабот, што е пред светилиштето Гос­подово. И му кажа Исус на целиот народ: „Ете, овој камен ќе ни биде сведок, бидејќи тој ги слушна сите зборови на Господ што Тој ви ги кажа денес; тој нека биде сведок против вас, ако некогаш лажете пред Господ, Вашиот Бог.“ И потоа Исус го испрати народот, секој во местото свое. И по сето тоа умре Исус, синот Навинов, слугата Господов, на сто и десет години. И го погребаа во пределите на де­лот негов во Тимнат-Серах, во Ефре­мовата Гора, на север од планината Гааш. И Му служеше Израел на Господ во сите денови Исусови, и во сите де­нови на старешините, кои го поминаа времето со Исус и кои ги видоа сите дела што му ги направи на Израел. И коските на Јосиф, кои Израе­ловите синови ги изнесоа од Египет, ги погребаа во Сихем, во оној дел на полето, што Јаков го беше купил од сино­вите аморејски, кои живееја во Сихем, за сто сребреници и му ги даде како дел на Јосиф. Потоа умре и Ароновиот син Еле­азар, и го погребаа на ридот Финес, кој му беше даден на Ефремовата Гора.