Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јона 1

1
Бегството на Јона
1 # 2 Цар 14,25 И дојде слово Господово до Јона, синот на Амитај: 2#Наум 1,1; Соф 2,13„Стани и оди во Ниневија, градот голем, и проповедај во него, зашто не­говите лоши дела стигнаа до Мене.“ 3#Пс 139,7А Јона стана за да избега во Тарсис од лицето Господово; слезе во Јафа, каде што најде брод што плови за Тар­сис, па откако ја плати возарината, вле­зе во него за да избега во Тарсис од лицето Господово. 4#Пс; 107,23-30Но Господ испрати силен ветар над морето, и настана голема бура, така што бродот за малку ќе се разбиеше. 5#Мт 8,24-25; Дела 27,18Морнарите се уплашија и повикаа секој кон својот бог, па почнаа товарот од бродот да го фрлаат во морето, за да му се олесни; а Јона беше слегол во дното на бродот, легнал и длабоко заспал. 6Тогаш дојде кај него капетанот на бродот и му рече: „Што, ти спиеш!? Стани и повикај кај твојот Бог! Можеби Тој Бог ќе се сети на нас, и ние нема да загинеме.“ 7Па си рекоа еден на друг: „Да фрли­ме ждрепка и да видиме поради кого нѐ снајде ова зло.“ Фрлија ждрепка и ждрепката падна на Јона. 8Тогаш му рекоа: „Кажи ни заради што нѐ снајде оваа неволја? Со што се занимаваш, и од каде си? Каде е твојата земја и од кој народ си?“ 9#1 Мојс 1,9-10Тој им рече: „Јас сум Евреин, Го почитувам Господ Бог на небесата, Оној што ја создаде земјата и водата.“ 10#1,3Тогаш луѓето се уплашија многу и му рекоа: „Зошто го направи ова?“ За­што тие дознаа дека тој бега од лицето Господово, – како што тој сам им беше кажал. 11И му рекоа: „Што да направиме со тебе, та морето да стивне?“ Бидејќи морето сѐ повеќе се брануваше. 12Тогаш тој им рече: „Земете ме и фрлете ме в море, и морето за вас ќе стивне, зашто знам дека поради мене се крена оваа бура.“ 13Луѓето потоа се трудеа некако да се приближат до копното, но не можеа, бидејќи морето сѐ повеќе беснееше против нив. 14#Ер 26,15; Пс 17,6; Плач 3,57Тогаш повикаа кон Господ и рекоа: „Те молиме Господи, да не загинеме поради душата на овој човек, и да не бидеме одговорни за невина крв, зашто Ти, Господи, си направил како што Ти е Тебе угодно.“ 15Па го зедоа Јона и го фрлија во морето; и морето престана да се бранува. 16Тогаш луѓето се уплашија многу од Господ, Му принесоа на Господ жртви и се заветуваа.

Селектирано:

Јона 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност