Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јоил Вовед

Вовед
Јоил бил пророк во Израел. Не се знае точно кога живеел, но се претпоставува дека живеел во четвртиот или петтиот век пр. Христос, во времето на Персиската империја. Во негово време роеви скакулци ги пустошеле земјоделските насади. Јоил му напоменувал на народот дека тоа им е казна од Господ. Понатаму, Јоил ја употребил ситуацијата со скакулците за да им објави на Израелците дека вистинска армија ќе го нападне Израел. Ако народот се покае за своите гревови, Господ ќе им се смилува, ќе им прости и повторно ќе ги благослови. Забележително е ветувањето дека Господ ќе Го прати Својот дух на сите луѓе: на мажи и жени, на млади и стари.
Јоил го предупредувал народот дека пустошењето од скакулците е ништо во споредба со Судниот Ден пред Господ. Тогаш Господ ќе ги казни сите народи, за сите нивни неправди кон Неговиот народ.

Селектирано:

Јоил Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност