Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека треперат сите жители земни, зашто доаѓа денот Господов, близу е денот на темнина и мрак, денот облачен и црн: како зората се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ќе има потоа од род во род. Пред него оган ќе голта, а зад него пламен ќе пали; пред него е земјата како Едемска градина, а зад него земјата ќе биде опустошена како пустина, и за никого нема да има спас. Изгледаат како коњи, галопираат како коњаници, скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како шум од огнен пламен, кој гори слама – како силен народ построен за борба. Штом ќе се појави, ќе затреперат народите; лицата на сите ќе им побледат. Како борци ќе трчаат и како храбри борци ќе се искачуваат по карпите, и секој ќе си оди по својот пат и нема да отстапува од патот свој. И нема да се притискаат еден со друг, туку секој се држи до својот пат; незапирливо се пробиваат меѓу стрелите. Ќе навалат на градот, ќе се искачуваат по ѕидовите, ќе влегуваат во куќите, ќе влегуваат и низ прозорците како крадци. Пред нив ќе се потресе земјата, ќе се расклати небото, сонцето и месечината ќе потемнат, а и ѕвездите ќе ја изгубат светлината своја. И Господ ќе го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и многубројни се оние што ќе ја извршуваат волјата Негова; зашто голем е денот Господов и многу е страшен, и кој ќе истрпи?
Прочитај Јоил 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јоил 2:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа