Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 9:15-35

Јов 9:15-35 MK2006

Дури и да сум прав, нема да приговарам, туку Судијата мој за милост ќе Го молам. И кога на гласот мој би се одзвал, немаше да поверувам дека ги чул зборовите мои Оној, Кој во виор ме поразува и без вина ги умножува раните мои; не ми дава да здивнам, а со горчила ме исполнува. Ако станува збор за сила, Тој е најсилниот; кој ќе се спротивстави на Неговиот суд? Ако почнам да се оправдувам, самата уста ќе ме обвини; ако сум невин, Тој ќе ме прогласи за виновен. А дали сум невин, и јас самиот веќе не знам, животот свој го презирам. Сеедно е; затоа реков дека Тој го погубува и невиниот, и виновниот; кога несреќата доаѓа одненадеж и убива невини, со невиноста на чесните Тој се подбива. Земјата е препуштена во рацете на нечестивите. Тој им ги покрива очите на нејзините судии. Ако Тој не е, тогаш кој е? Деновите мои се побрзи од гласник, далеку бегаат, за нив добро нема; поминуваат како чамци од трска, како орел што се спушта врз плен. Ако речам: ‚Ќе ги заборавам тагите свои, ќе го отстранам својот мрачен изглед и ќе закрепнам,‘ од сите мои маки ужас ме опфаќа, зашто знам дека нема да ме оправдаш. Ако сум, пак, виновен, зошто тогаш залудо се измачувам? Да се измиев со снежна вода и сосема да ги исчистев рацете свои, и тогаш Ти в тиња ќе ме турнеше, па ќе се згнасат од мене и алиштата мои. Зашто Тој не е човек, како што сум јас, та да можам да Му одговорам и да отидам со Него на суд! Меѓу нас нема посредник што би ја ставил раката своја врз двајцата. Нека го тргне Тој од мене жезолот Свој, и стравот Негов да не ме за­страшува, тогаш би зборувал без да се плашам од Него, но тоа не е така, зашто јас сум самиот со себе.“