На тоа одговори Јов и рече: „Навистина знам дека е тоа така; но како ќе се оправда човек пред Бога? Ако сака да влезе во спор со Него, нема да Му одговори ни на едно од илјада. Тој е мудар по срце и моќен по сила; кој станувал против Него и останувал во спокојство? Тој ги преместува планините, а тие тоа не го знаат: ги превртува во гневот Свој; ја поместува Земјата од местото нејзино, и столбовите ѝ треперат; ќе му каже на сонцето, – и тоа не изгрева, и ѕвездите небески, под клуч ги става. Тој Сам ги распнува небесата и оди по морските бранови; Тој ги создал Големата Мечка, Орион и Плејадите и ѕвездите на јужното небо; врши големи дела, неиспитливи и чудесни, и безбројни се Неговите чуда. Ете, Тој оди пред мене, и јас не можам да Го видам; Тој минува, а јас не Го забележувам. Ако земе нешто, кој ќе Му забрани? Кој смее да Му рече: што правиш? Бог нема да го сопре гневот Свој; пред Него ќе паднат поклониците на гордоста. Како тогаш јас да Му одговорам, какви зборови против Него да изустам!? Дури и да сум прав, нема да приговарам, туку Судијата мој за милост ќе Го молам. И кога на гласот мој би се одзвал, немаше да поверувам дека ги чул зборовите мои Оној, Кој во виор ме поразува и без вина ги умножува раните мои; не ми дава да здивнам, а со горчила ме исполнува. Ако станува збор за сила, Тој е најсилниот; кој ќе се спротивстави на Неговиот суд? Ако почнам да се оправдувам, самата уста ќе ме обвини; ако сум невин, Тој ќе ме прогласи за виновен.
Прочитај Јов 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јов 9:1-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа