Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 6:1-14

Јов 6:1-14 MK2006

Одговори Јов и рече: „О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое! Тие навистина би биле потешки од морскиот песок! Затоа зборовите ми се жестоки. Стрелите на Седржителот се во моето тело; духот мој нивниот отров го пие; ужасите Божји се управија против мене. Рика ли диво магаре при трева? Мука ли бик над крмата своја? Се јаде ли блуткавото без сол и има ли вкус белката од јајцето? До она до кое душата моја не сакаше да се допре, тоа ми е сега храна во болеста. О, да се беше збиднала желбата моја, и Бог да го исполнеше очекувањето мое! О, да сакаше Бог да ме сотре, да ме удреше со раката Своја и да ме уништеше! Тоа би ми била вистинска утеха, иако горам од мојата безмилосна болест, бидејќи не се откажав од зборовите на Светиот. Колку ми е силата, та да се надевам на себе самиот? И каков е крајот, та да го продолжувам животот мој? Тврда како камен ли е силата моја? И од бакар ли е телото мое? Има ли во мене помош за мене, има ли за мене некоја поткрепа? Кој одбива милост кон ближниот свој, ако тој не престанал да се бои од Севишниот Бог?

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јов 6:1-14

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност