Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 5:16-27

Јов 5:16-27 MK2006

И за слабиот има надеж, и неправдата ја затвора устата своја. Блажен е човекот кого Бог го опо­менува. Затоа не отфрлувај ги поуките на Седржителот, зашто Тој нанесува рани и Самиот ги преврзува; Тој поразува, и со Свои раце лекува. Од шест беди ќе те избави и во седмата зло нема да те стигне. Во време на глад ќе те спаси од смрт, и во војна – од острината на мечот. Од камшикот на јазикот ќе се со­криеш, и нема да се уплашиш од опустошувањето кога ќе дојде. На опустошувањето и на гладот ќе им се потсмееш, од ѕверовите земни не­ма да се уплашиш; зашто си во сојуз со камењата полски, а полските ѕверови се во мир со тебе. Ќе дознаеш дека куќата ти е во безопасност, ќе си го гледаш живеа­лиштето и нема да згрешиш. Ќе видиш дека семето ти е многу­бројно, а челадта твоја е како трева на земјата. Ќе легнеш во гроб кога ќе стигнеш до зрелост, како што се редат житните снопја. Ете, тоа сме го испитале: вистината е жива; затоа чуј го сето ова и запомни го добро.“