Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 42:1-17

Јов 42:1-17 MK2006

Му одговори Јов на Господ и рече: „Знам дека Ти сѐ можеш и дека на­мерата Твоја не може да биде неиз­вршена. Кој е тој што го помрачува Прови­дението со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела што не можев да ги знам. Послушај ме, викав јас, и ќе говорам, и што ќе Те прашам, објасни ми го. Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гле­даат; затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел.“ И потоа, откако Господ му ги изго­вори на Јов овие зборови, му рече на Елифаз од Теман: „Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов. Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слуга Јов и принесете си за себе жртва; и Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас, зашто само неговото лице ќе го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Мој Јов.“ И отидоа Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема, и направија како што им заповеда Господ, а Гос­под го прими застапништвото Јовово. Му ја врати Господ на Јов загубата, кога тој се помоли за пријателите свои; и му даде Господ на Јов двојно повеќе од она што го имаше пред тоа. Тогаш дојдоа кај него сите негови браќа и сите негови сестри и сите него­ви поранешни познати, па јадеа со него леб во куќата негова и му изјавија сочувство, утешувајќи го за сето зло што Господ го беше допуш­тил врз него, и секој му даде по една кесита и по еден златен прстен. И ги благослови Бог последните денови на Јов повеќе од претходните: тој имаше четиринаесет илјади дре­бен добиток, шест илјади камили, ил­јада чифта волови и илјада магарици. Имаше и седум синови и три ќерки. Првата ја именува Јемима, втората – Кеција, а третата – Керенхапух. По целата земја немаше такви уба­ви жени, како ќерките на Јов; татко им и ним им даде наследство меѓу браќата нивни. По ова, Јов живееше сто и четирие­сет години и доживеа да види синови и внуци до четвртото колено. Умре Јов стар и сит од животот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност