Одговори Елифаз од Теман и рече: „Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да ги сопре своите зборови! Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце, твоите зборови го исправале оној што паѓал, си поткрепувал раслабени колена. А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот. Твојата богобојазливост не треба ли да биде твоја надеж, и непорочноста на твоите патишта – твоја поткрепа? Спомни си, загинал ли некој невин, и каде праведните биле искоренувани? како што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат
Прочитај Јов 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јов 4:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа