Зошто ти е да се бориш против Него? Тој не дава сметка за Своите дела. Бог говори еднаш на еден начин а потоа на друг, но луѓето не внимаваат: на сон, во ноќно видение, кога сонот ги соборува луѓето, во време, кога спијат на своето легло, тогаш Тој му го отвора на човекот увото и го запечатува Своето кажување, за да го одвлече човекот од лошо дело, и да ја отстрани гордоста од него, за да ја запази душата негова од бездна, и животот негов од пораз со меч. Или, пак, го вразумува со болест на постелата негова, и со лута болка во сите коски негови; така што животот негов да се гади од лебот, душата негова – од омилената храна. Месото негово исчезнува; коските негови, кои пред тоа не се гледале, се подаваат. Душата негова се приближува кон гробот, а животот негов – до смртта. Ако има кај него ангел, еден од илјада, за да му го покажува правиот пат, – Бог би се смилувал над него и би рекол: ‚Ослободи го од гробот; Јас најдов откуп.‘ Тогаш телото негово ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години; и тој ќе се врати во дните на младите свои години. Ќе Му се моли на Бога, и Тој ќе биде милостив спрема него; со радост ќе го погледнува лицето негово и ќе му ја враќа праведноста негова. Тој ќе ги гледа луѓето и ќе вели: сум грешел и сум ја искривувал правдата, и не ми е вратено со зло; Тој ја ослободи душата моја од гроб; животот мој гледа светлина. Ете, сето тоа Бог му го прави два до трипати на човекот
Прочитај Јов 33
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јов 33:13-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа