Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 3:1-13

Јов 3:1-13 MK2006

Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна денот на своето раѓање. Почна Јов и рече: „Нека е проклет денот, во кој се родив, и ноќта во која рекоа: – се зачна дете! Тој ден нека биде темнина; да не го побара Бог одозгора и да не изгрее над него светлина! Да го затемни темнина и смртна сенка, црн облак да го покрие, или страшно помрачување на сонцето! Таа ноќ, – темнина да ја опфати, да не се смета меѓу дните на годината, да не влезе во бројот на месеците! О, таа ноќ! Без луѓе да беше; веселба во неа да немаше! Нека ја проколнат оние, кои го колнат денот, оние кои знаат да го разбудат чудовиштето водено! Нека потемнат ѕвездите на мугрите нејзини; да ја чека светлината и таа да не дојде и да не ги види трепките на зората; зашто не ги затвори дверите на мајчината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои! Зошто не сум умрел кога сум се раѓал, и не сум издивнал – кога сум излегол од утробата? Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради? И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев и ќе ми беше спокојно