Одговори Јов и рече: „Ислушајте го внимателно зборот мој; тоа ќе ми биде утеха од вас. Потрпете ме, и јас ќе говорам; а потоа, откако ќе се искажам, потсмевајте се. Зар на човек се оплакувам јас? Па како да не биде трпението мое при крај? Погледајте ме и ужаснете се, и ставете прст на устата своја. Само кога ќе помислам, – истрпнувам, и трепет го обзема телото мое. Зошто беззакониците живеат, достигнуваат старост, и остануваат со моќ? Децата нивни се со нив пред лицето нивно, и внуците им се пред очите нивни. Куќите им се во мир и спокојство, и жезолот Божји не е врз нив. Бикот нивни оплодува и не пропушта, кравата нивна зачнува и не пометнува. Ги пуштаат малите свои како стадо, и децата нивни скокаат. Подвикнуваат при тимпани и гусли и се веселат со свирки; ги поминуваат деновите во добро и во еден миг слегнуваат во гроб. А притоа, Му велат на Бога: – ‚Отстрани се од нас, не сакаме да знаеме за Твоите патишта! Што е Седржителот, та да Му служиме? И каква полза има да прибегнуваме кон Него?‘ Гледаш, доброто нивно не е во нивните раце. Да биде далеку од мене советот на безбожниците! Често ли згаснува светилката на беззакониците и ги сполетува ли зло, и Тој во гневот Свој ги дарува ли со страдања? Тие треба да бидат како сламка пред ветар и како плева, завеана од виор. Ќе речеш: ‚Бог го чува злото негово за неговите деца. – Нека му воздаде Тој на него самиот, за да го знае тој тоа.‘ Нека очите негови го видат злото негово; и сам нека пие од гневот на Седржителот. Зашто, што му е грижа за домот негов по него, кога бројот на месеците негови ќе се сврши?
Прочитај Јов 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јов 21:1-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа