Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 2:1-13

Јов 2:1-13 MK2006

Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот да застане пред Господ. И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“ Тогаш му рече Господ на ѓаволот: „Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, бого­бојазлив и кој го одбегнува злото, и сѐ уште цврсто се држи во својата непо­рочност; а ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина.“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде сѐ што има; но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, – ќе Те благослови ли и тогаш?“ И му рече Господ на ѓаволот: „Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја.“ Си отиде ѓаволот од лицето Госпо­дово и го порази Јов со лута рана – од стапалките на нозете негови до самото теме негово. И си зеде Јов тогаш цреп за да се чеша со него, и седеше на ѓубриште­то. И му рече неговата жена: „Ти сѐ уште си цврст во непорочноста своја. Проколни Го Бога и умри!“ Но тој ѝ рече: „Говориш како без­умна. Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?“ – Во сето тоа Јов не згреши со устата своја. Слушнаа тројцата пријатели Јово­ви за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат. И кога ги кренаа очите оддалеку, тие не го познаа; па викнаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои. И седеа со него на земјата седум дена и седум ноќи: никој ни збор не му проговори, бидејќи гледаа дека стра­дањето му беше многу големо.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност