И Господ му рече на ѓаволот: „Обрна ли внимание на мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, богобојазлив и кој го одбегнува злото.“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Зар попусто Јов е богобојазлив? Не го огради ли Ти него и куќата негова наоколу и сѐ што има тој? Ти ги благослови делата на рацете негови, а стадата негови се шират по земјата; но пружи ја раката Своја и допри се до сѐ што е негово, ќе Те благослови ли тогаш?“ И му рече Господ на ѓаволот: „Еве, сѐ што е негово, е во твоја рака; само врз него не посегај!“ – И се оддалечи ѓаволот од Господ.
Прочитај Јов 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јов 1:8-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа