Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 1:6-12

Јов 1:6-12 MK2006

Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот. И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ А ѓаволот Му одговори на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“ И Господ му рече на ѓаволот: „Обрна ли внимание на мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, богобојаз­лив и кој го одбегнува злото.“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Зар попусто Јов е богобојаз­лив? Не го огради ли Ти него и куќата негова наоколу и сѐ што има тој? Ти ги благослови делата на рацете негови, а стадата негови се шират по земјата; но пружи ја раката Своја и допри се до сѐ што е негово, ќе Те благослови ли тогаш?“ И му рече Господ на ѓаволот: „Еве, сѐ што е негово, е во твоја рака; само врз него не посегај!“ – И се оддалечи ѓаволот од Господ.