Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 8:48-59

Јован 8:48-59 MK2006

Тогаш Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли право дека си Ти Самарјанин и дека зол дух има во Тебе?“ Исус им одговори: „Во Мене нема зол дух, туку Го почитувам Својот Отец, а вие Ме бесчестите. Но Јас не барам Своја слава; има Друг што ја бара, и што ќе суди. Вистина, вистина ви велам; кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека.“ Тогаш Јудејците Му рекоа: „Сега разбравме дека во Тебе има нечист дух: Авраам умре, и пророците, а ти велиш, кој ќе ги запази зборовите Мои, смрт нема да види довека. Да не си Ти поголем од нашиот тат­ко Авраам, кој умре? И пророците ум­реа; а за кого се сметаш Себе си?“ Исус одговори: „Ако се славам Сам, тогаш славата Моја е ништо; Оној Кој ме прославува е Мојот Отец, за Кого вие велите дека е ваш Бог; но не Го познавате, а Јас, пак, го знам. И ако кажам дека не Го познавам, ќе бидам лажго како вие. Но Јас Го знам и го пазам словото Негово. Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува.“ Тогаш Јудејците Му рекоа: „Уште немаш ни педесет години – а си го видел Авраам!?“ Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам.“ Тогаш зедоа камења за да ги фрлат на Него; Исус се сокри и излезе од хра­мот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност