Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 8:31-38

Јован 8:31-38 MK2006

Тогаш Исус им говореше на Ју­деј­ците, што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вис­тината ќе ве ослободи.“ Му одговорија и рекоа: „Ние сме се­ме Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш: ‚Ќе бидете слободни?‘“ Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот. А робот не останува вечно дома; Синот останува вечно. И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни. Знам дека сте семе Авраамово, но сакате да Ме убиете, зашто словото Мое не може да се смести во вас. Јас го кажувам она што сум го ви­дел кај Мојот Отец; а и вие го правите она што сте го виделе кај вашиот тат­ко.“