Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 8:22-34

Јован 8:22-34 MK2006

Тогаш Јудејците рекоа: „Да не сака да се самоубие и затоа вели: каде што ќе одам Јас, вие не можете да дојдете?“ И им рече: „Вие сте од долу, а Јас сум од горе: вие сте од овој свет, Јас, пак, не сум од овој свет. Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; и навистина, ако не по­верувате дека Јас Сум Тој, ќе умрете во гревовите свои.“ Тогаш Му рекоа: „Кој си Ти?“ Исус им одговори: „А што ви кажувам од по­четокот? Многу имам за вас да зборувам и да судам; но, Оној што Ме прати е висти­нит и она што сум чул од Него, тоа и му го кажувам на светот.“ Но не разбраа дека им говореше за Отецот. А Исус им рече: „Кога ќе Го из­диг­нете Синот Човечки, тогаш ќе сфатите дека сум Јас и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам. Оној што Ме прати е со Мене; Оте­цот не Ме остави Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно.“ Кога Тој го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него. Тогаш Исус им говореше на Ју­деј­ците, што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вис­тината ќе ве ослободи.“ Му одговорија и рекоа: „Ние сме се­ме Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш: ‚Ќе бидете слободни?‘“ Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност