Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“ А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.“ Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие? Поверувал ли некој од властите и фарисеите во Него? Но, овој народ, што не го знае Законот, е проклет.“ Никодим, пак, кој беше отишол кај Него ноќе, а беше еден од нив, им рече: „Осудува ли нашиот Закон човек додека најнапред не го сослушаат и не дознаат што прави?“ А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе видиш дека пророк од Галилеја не се јавува!“
Прочитај Јован 7
Слушни за Јован 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 7:45-52
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа