А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со висок глас, велејќи: „Кој е жеден нека дојде кај Мене да пие! Кој верува во Мене од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.“ А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен. А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина Овој е пророк!“ Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос? Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“ И така настана меѓу народот раздор за Него. А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него.
Прочитај Јован 7
Слушни за Јован 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 7:37-44
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа