Потоа одеше Исус по Галилеја, не сакаше да оди во Јудеја, зашто Јудејците сакаа да Го убијат. Се приближуваше, пак, јудејскиот празник Сеници. Тогаш браќата Негови Му рекоа: „Излези одовде и оди во Јудеја, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш. Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Ако Ти ги вршиш овие работи, тогаш покажи се пред светот!“ Зашто и браќата Негови не веруваа во Него. А на тоа Исус им одговори: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето е секогаш погодно. Светов вас не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, зашто Јас сведочам за него дека делата му се лоши. Вие отидете на овој празник; Јас нема да излезам на празникот, зашто времето Мое сѐ уште не се исполнило.“ Откако го рече тоа, остана во Галилеја.
Прочитај Јован 7
Слушни за Јован 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 7:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа