Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 5:18-26

Јован 5:18-26 MK2006

Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, бидејќи не само што ја на­рушуваше саботата, туку и Бога Го на­рекуваше Свој Отец, правејќи се ед­на­ков со Бога. А Исус им одговори на тоа и рече: „Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не види што прави Отецот; она што го прави Тој, тоа истото го прави и Синот. Зашто, Отецот Го сака Својот Син и Му покажува сѐ што Самиот прави; и ќе Му покаже дела поголеми од овие, за да се чудите вие. Зашто, како што Отецот воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние кои сака. Отецот не суди никого, туку целиот суд Му го предаде на Синот; та сите да Го почитуваат Синот, ка­ко што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ни Отецот, Кој Го пратил. Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот. Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие што ќе го чујат, ќе оживеат. Зашто, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност