Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 5:1-15

Јован 5:1-15 MK2006

Потоа имаше еден празник ју­дејски, и се искачи Исус во Ерусалим. А во Ерусалим, кај Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Вит­езда, со пет тремови. Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата, (зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздви­жуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравува­ше од каква било болест да боледува­ше.) Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години. Кога Исус го виде како лежи, знаејќи дека многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“ Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се раздвижи водата; до­дека јас да дојдам, друг слегува пред ме­не.“ Исус му рече: „Стани, земи ја пос­телката своја и оди си!“ И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден бе­ше сабота. Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја носиш својата постелка!“ Но тој им одговори: „Оној што ме излекува, ми рече: ‚Земи ја постелката своја и оди!‘“ А тие го прашаа: „Кој е човекот што ти рече: ‚Земи ја постелката своја и оди?‘“ Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ. Подоцна Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не гре­ши веќе, за да не те снајде нешто поло­шо!“ А човекот отиде и им кажа на Ју­дејците дека Исус е Оној што го излекувал.