Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 4:43-54

Јован 4:43-54 MK2006

А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја. Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема почит. Кога дојде, пак, во Галилеја, Га­ли­лејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на праз­ни­кот; зашто и тие беа на празникот. И така, Исус пак дојде во Кана Га­лилејска, каде што беше претворил во­да во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум. Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ А Исус му одговори: „Оди си! Тво­јот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си за­мина. И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“ А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ Тогаш таткото разбра дека тоа ста­на­ло во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. Ова беше второто чудо што го из­вр­ши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.