Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 4:27-36

Јован 4:27-36 MK2006

И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“ А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето: „Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“ Тогаш тие излегоа од градот и трг­наа кон Него. Во тоа време, пак, учениците Го мо­леа, велејќи: „Рави, јади!“ Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“ Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да ја­де?“ А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело. Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како побелеле, готови за жетва. И жетварот веќе добива плата и со­бира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.