Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 4:1-14

Јован 4:1-14 MK2006

Кога разбра Исус дека фарисеите чу­ле дека Тој придобива повеќе ученици отколку Јован и крштаваше, макар што Самиот Исус не крш­та­ваше, туку учениците Негови, ја напушти Јудеја и отиде пак во Галилеја. Требаше да мине преку Самарија. Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јо­сиф. Таму беше изворот на Јаков. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час. Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пи­јам!“ А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Са­мар­јанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат. Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“ Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпеш, а кладенецот е дла­бок; од каде, пак, имаш жива вода? Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“ Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; а кој пие од водата, што ќе му ја да­дам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“