Потоа дојде Исус со учениците Свои во земјата Јудејска, и таму живееше со нив и крштаваше. А Јован крштаваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштаваа, зашто Јован уште не беше фрлен во затвор. Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето. И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштава и сите одат кај Него.“ А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото. Вие самите сте мои сведоци дека реков: ‚Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘ Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа моја радост се исполни. Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“ „Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите. И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвата Негови никој не ги прима. А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит. Тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно. Зашто Отецот Го љуби Својот Син и сѐ Му даде во раката Негова. Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него.“
Прочитај Јован 3
Слушни за Јован 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 3:22-36
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа