Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 3:16-21

Јован 3:16-21 MK2006

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Еди­но­родниот Син Божји. А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја за­сакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. Зашто секој, што прави зло, ја мра­зи светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите де­ла (бидејќи се лукави). А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 3:16-21