Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 2:13-25

Јован 2:13-25 MK2006

Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Еру­са­лим; и ги затече во храмот оние што про­даваа волови, овци и гулаби, и менува­чите на пари – како седат. И направи камшик од врвци, ги из­брка од храмот сите, и овците и во­ло­ви­те; а на менувачите им ги растури па­ри­те и ги испреврте масите, па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од до­мот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“ Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“ А Јудејците одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека го правиш тоа?“ И им одговори Исус и рече: „Ур­не­те го овој храм и за три дни ќе го подигнам.“ А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?“ Но Тој говореше за храмот на Сво­ето тело. А кога воскресна од мртвите, се се­тија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус. И кога беше во Ерусалим на праз­никот Пасха, мнозина, гледајќи ги чу­десните знаци Негови, што ги правеше, поверуваа во Неговото име. Но Самиот Исус не им се доверува­ше, бидејќи ги познаваше сите, и немаше потреба никој да Му све­дочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност