Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 2:1-11

Јован 2:1-11 MK2006

На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исус беше таму. На свадбата беа поканети и Исус и Неговите ученици. А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исус: „Им снема вино.“ Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ Но мајка Му Негова им рече на слу­гите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“ А таму имаше шест камени садови за вода, поставени за миење, според ју­дејскиот обичај, што собираа по две до три мери. А Исус им рече: „Наполнете ги са­довите со вода!“ И тие ги наполнија до горе. Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа. И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не зна­еше од каде е, но слугите, што ја беа до­неле водата, знаеја – тој го повика мла­доженецот, и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.“ Така направи Исус почеток на Своите чуда во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност