Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 19:31-42

Јован 19:31-42 MK2006

Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, зашто во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилат да им ги прекршат ко­лената и да ги симнат. Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него. А кога дојдоа до Исус и го видоа де­ка беше веќе умрен, не Му ги пре­кр­ши­ја колената; но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода. И тој што виде – посведочи, и све­доштвото му е вистинско; и знае дека ја кажува вистината, за да поверувате вие. Бидејќи ова стана за да се исполни Писмото: „Коска Негова нема да се прекрши.“ И друго Писмо пак вели: „Ќе погледнат на Оној Кого Го прободоа.“ Потоа Јосиф од Ариматеја, таен Исусов ученик, поради страв од Јудејците, го замоли Пилат да го симне телото и Пилат му дозволи. Тој дојде и го симна телото Исусово. А дојде и Никодим, кој порано беше отишол ноќе кај Исус, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој. Го зедоа телото Исусово и го завит­каа во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат. На она место, каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во кој уште никој не беше полаган. Таму Го положија Исус поради пе­токот јудејски, зашто гробот беше бли­зу.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност