Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 19:1-11

Јован 19:1-11 MK2006

Тогаш Пилат Го зеде Исус и Го предаде да го камшикуваат. Војниците сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница, и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ – и Го удираа по образите. Пилат пак излезе надвор и им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да раз­берете дека не наоѓам во Него никаква вина.“ Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец, и багреница. И им рече Пилат: „Еве Го Човекот!“ А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: „Распни Го, распни!“ Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам во Него вина.“ Јудејците му одговорија: „Ние има­ме Закон и според нашиот Закон Тој треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.“ Кога го чу Пилат овој збор, уште повеќе се исплаши. И пак влезе во преторијата и Му ре­че на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му даде одговор. Пилат Му рече: „Мене ли не ми од­говараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуш­там!?“ Исус одговори: „Ти не би имал ни­каква власт над Мене ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној што Ме предаде на тебе.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност