Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 18:1-11

Јован 18:1-11 MK2006

И штом го рече ова, Исус отиде со учениците Свои преку пото­кот Кедрон, каде што имаше градина, и во неа влезе Тој и учениците Негови. А тоа место го знаеше и Јуда, кој сакаше да Го предаде, зашто Исус често се собираше со учениците Свои таму. Тогаш Јуда, откако зеде една чета војници и слуги од првосвештениците и фарисеите, дојде таму со фенери, со светила и со оружје. А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: „Кого барате?“ Му одговорија: „Исус од Назарет!“ Исус им рече: „Јас сум.“ Со нив стоеше и Јуда, кој Го предаде. А кога им рече: „Јас сум“ – тие се повлекоа назад и паднаа на земјата. Тогаш пак ги праша: „Кого барате?“ А тие рекоа: „Исус од Назарет!“ Исус одговори: „Ви реков дека сум Јас; па, ако Ме барате Мене, оставете ги овие да си одат;“ за да се изврши словото кажано од Него: „Од оние што си Ми ги дал, никого не загубив.“ А Симон Петар, кој имаше нож, го извади, го удри слугата на прво­свеш­те­никот и му го отсече десното уво. Име­то на слугата му беше Малх. Но Исус му рече на Петар: „Стави го ножот во ножницата. Зар да не ја ис­пијам чашата што Ми ја даде Отецот?“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност