Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 17:10-19

Јован 17:10-19 MK2006

И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив. Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, ка­ко што сме и Ние. Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не по­гина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото. А сега се враќам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе Мојата полна радост. Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина. Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината.