Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 17:1-9

Јован 17:1-9 MK2006

Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој, како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот. А животот вечен е тоа, да Те позна­ат Тебе Единиот вистински Бог, и ис­пратениот од Тебе Исус Христос. Јас Те прославив на Земјата; го из­вршив делото, што си ми го дал да го извршам. И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Те­бе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане. Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово. Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе; зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и раз­браа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил. Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои.