Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 16:16-24

Јован 16:16-24 MK2006

„Уште малку, и нема да Ме гледате, и по малку, пак ќе Ме видите, зашто си одам кај Отецот.“ А некои од учениците Негови си рекоа меѓу себе: „Што е тоа, што ни ве­ли: ‚Уште малку, и нема да Ме видите‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите‘ и ‚Јас си одам кај Отецот?‘“ И си зборуваа: „Што е тоа, што ве­ли: ‚Уште малку?‘“ Исус разбра дека сакаат да Го пра­шаат, и им рече: „Затоа ли се пра­шу­ва­те меѓу себе, што реков: ‚Уште малку, и нема да Ме гледате‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите?‘ Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се радува; вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост. Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот. Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе; и во тој ден нема да Ме прашувате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот, во Мое име, ќе ви даде. Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде ра­доста ваша полна.“