Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 16:1-15

Јован 16:1-15 MK2006

„Ова ви го кажав за да не се соблазните. Ќе ве исклучуваат од синагогите. Па уште и ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба. Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене. Но ви го кажав тоа, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви ре­кол; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.“ „А сега одам кај Оној Кој Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘ Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага. Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дој­де кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд: за грев – дека не веруваат во Мене; за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите; а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден. Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ви ја најави иднината. Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави. Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.“