„Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати. Да не бев дошол и да не им бев зборувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев. Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мојот Отец. Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец. Но нека се изврши словото напишано во нивниот Закон дека Ме замразија без вина.
Прочитај Јован 15
Слушни за Јован 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 15:18-25
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа