Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 14:5-12

Јован 14:5-12 MK2006

Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. Верувајте Ми дека Јас сум во Оте­цот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец