Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 14:25-31

Јован 14:25-31 MK2006

Ова ви го реков, бидејќи сум со вас. А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви на­помни за сѐ што сум ви зборувал. Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува. Чувте дека Јас ви реков: ‚За­ми­ну­вам од вас и пак ќе дојдам кај вас.‘ Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам кај Мојот Отец, зашто Мојот Отец е поголем од Мене. И сега ви кажав, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да по­ве­рувате. Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто иде кнезот на овој свет и во Мене Тој нема ништо. Но за да разбере светот дека Го љу­бам Отецот и, како што Ми заповеда Отецот, така правам. Станете да си оди­ме одовде!“