Исус одговори и му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе направиме. Кој не Ме љуби, не го запазува словото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме испрати. Ова ви го реков, бидејќи сум со вас. А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви напомни за сѐ што сум ви зборувал. Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува. Чувте дека Јас ви реков: ‚Заминувам од вас и пак ќе дојдам кај вас.‘ Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам кај Мојот Отец, зашто Мојот Отец е поголем од Мене. И сега ви кажав, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да поверувате. Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто иде кнезот на овој свет и во Мене Тој нема ништо. Но за да разбере светот дека Го љубам Отецот и, како што Ми заповеда Отецот, така правам. Станете да си одиме одовде!“
Прочитај Јован 14
Слушни за Јован 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 14:23-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа