Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 14:1-31

Јован 14:1-31 MK2006

„Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. А каде одам Јас го знаете патот.“ Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. Верувајте Ми дека Јас сум во Оте­цот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец; и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“ „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека, Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден вие ќе разберете дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Ме­не, и Јас сум во вас. Кој ги има заповедите Мои и ги па­зи, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љу­би Мене, возљубен ќе биде од мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се ја­вам Сам.“ Му рече Јуда, не Искариот: „Гос­по­ди, зошто сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?“ Исус одговори и му рече: „Ако не­кој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе на­правиме. Кој не Ме љуби, не го запазува сло­вото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме ис­прати. Ова ви го реков, бидејќи сум со вас. А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви на­помни за сѐ што сум ви зборувал. Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува. Чувте дека Јас ви реков: ‚За­ми­ну­вам од вас и пак ќе дојдам кај вас.‘ Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам кај Мојот Отец, зашто Мојот Отец е поголем од Мене. И сега ви кажав, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да по­ве­рувате. Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто иде кнезот на овој свет и во Мене Тој нема ништо. Но за да разбере светот дека Го љу­бам Отецот и, како што Ми заповеда Отецот, така правам. Станете да си оди­ме одовде!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 14:1-31

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност