Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 14:1-14

Јован 14:1-14 MK2006

„Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. А каде одам Јас го знаете патот.“ Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. Верувајте Ми дека Јас сум во Оте­цот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец; и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 14:1-14

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност