Тогаш мнозина од Јудејците што беа дошле со Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него. Некои од нив отидоа кај фарисеите и им рекоа што направи Исус. Тогаш првосвештениците и фарисеите се собраа на совет и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда. Ако Го оставиме така, сите ќе поверуваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ја одземат и земјата и народот.“ А еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете, ниту помислувате дека е поарно за нас да умре еден човек за народот, отколку сиот народ да пропадне.“ А ова не го рече тој сам од себе, туку, бидејќи беше првосвештеник таа година, прорече дека Исус ќе умре за народот; и не само за народот, туку и за да ги собере заедно растурените Божји чеда. Од тој ден се согласија да Го убијат. Заради тоа Исус веќе не одеше јавно меѓу Јудејците, а оттаму отиде во крај, близу една пустина, во градот наречен Ефрем, и таму се задржа со учениците Свои. А се наближуваше јудејскиот празник Пасха и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасхата, за да се очистат. Тогаш Го бараа Исус и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Нема ли да дојде на празникот?“ А првосвештениците и фарисеите беа веќе издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.
Прочитај Јован 11
Слушни за Јован 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 11:45-57
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа