Некои од нив, пак, велеа: „Не можеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“ А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и камен навален на неа. Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“ Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“ Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благодарам што Ме услиши.
Прочитај Јован 11
Слушни за Јован 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 11:37-41
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа