Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 11:24-45

Јован 11:24-45 MK2006

Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во пос­ледниот ден.“ А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресени­ето и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој што живее и верува во Ме­не, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“ Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“ Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“ Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него; зашто Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше каде што Го беше до­чекала Марта. Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот да плаче. А Марија, штом пристигна таму ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“ Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе, па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“ Исус просолзи. Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го сакал!“ Некои од нив, пак, велеа: „Не мо­жеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“ А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и ка­мен навален на неа. Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“ Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“ Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благода­рам што Ме услиши. Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради на­родов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“ Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!“ излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“ Тогаш мнозина од Јудејците што беа дошле со Марија и видоа што на­прави Исус, поверуваа во Него.