Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 11:1-44

Јован 11:1-44 MK2006

Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од селото на Марија и нејзината сестра Марта. А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа која Го помаза Господ со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса. Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го ми­луваш, болен е.“ Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.“ А Исус ги сакаше Марта, нејзината сестра, и Лазар. А кога чу дека е болен, тогаш ос­та­на уште два дни во местото каде што се наоѓаше. Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“ Учениците Му рекоа: „Рави, сега са­каа да Те убијат со камења, и пак ли та­му ќе одиш?“ Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Кој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет; а кој оди ноќе, се сопнува, зашто не­ма светлина во него.“ Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.“ Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“ Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре! Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме кај него.“ Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.“ Кога дојде Исус, откри дека тој ве­ќе четири дена е во гроб. А Витанија беше близу до Еру­са­лим, околу петнаесет стадии; и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нив­ни­от брат. Кога чу Марта дека доаѓа Исус, из­лезе пред Него; а Марија седеше дома. Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, ако беше Ти овде, брат ми не­маше да умре. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.“ Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе вос­кресне!“ Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во пос­ледниот ден.“ А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресени­ето и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој што живее и верува во Ме­не, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“ Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“ Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“ Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него; зашто Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше каде што Го беше до­чекала Марта. Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот да плаче. А Марија, штом пристигна таму ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“ Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе, па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“ Исус просолзи. Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го сакал!“ Некои од нив, пак, велеа: „Не мо­жеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“ А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и ка­мен навален на неа. Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“ Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“ Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благода­рам што Ме услиши. Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради на­родов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“ Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!“ излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност