Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 10:22-39

Јован 10:22-39 MK2006

А беше тогаш во Ерусалим праз­ни­кот Обновување на храмот и беше зима. Одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов. А Јудејците Го опколија и Му ре­коа: „До кога ќе ги мачиш нашите ду­ши? Ако си Ти Христос, кажи ни от­во­рено!“ Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене. Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков. Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам вечен живот; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги истргне од раката Моја. Мојот Отец, што Ми ги даде, е по­голем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. Јас и Отецот сме едно.“ А Јудејците, пак, зедоа камења да Го убијат. Исус им одговори: „Многу добри дела ви јавив од Мојот Отец; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?“ Му одговорија Јудејците, велејќи: „За добро дело камења не фрламе на Тебе, туку за хулење, зашто Ти, иако си човек, се правиш Бог.“ Исус им одговори: „Не е ли на­пи­шано во вашиот Закон: ‚Јас реков: бого­ви сте?‘ Ако Тој ги нарече богови оние кон кои беше упатено словото Божјо, а писмото не може да се урне, а на Оној ли, Кого Го освети Оте­цот и Го прати во светот, вие велите: ‚Хулиш на Бога?‘ дека реков: ‚Јас сум Син Божји?‘ Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми; а ако, пак, ги вршам, макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверува­те дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.“ Сакаа пак да Го фатат, но Тој им се истргна од рацете нивни