Јован 10:1-9
Јован 10:1-9 MK2006
„Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од друга страна, крадец е и разбојник; а кој влегува низ вратата, пастир е на овците; нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, тој ги вика своите овци по име и ги изведува. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, овците одат по него, бидејќи го познаваат гласот негов; а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“ Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што сакаше да им каже со неа. Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата за овците. Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа. Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде.

